Премиерот Заев горд: Јас сум среќен татко, мојата ќерка е матурантка


Премиерот Зоран Заев на Фејсбук објави фотографии од матурската прослава на својата ќерка Александра и напиша „Мојата ќерка матурантка. Среќен татко!“

Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра Заева оваа година е матурантка и претходно, на својот Инстаграм профил, пријателите ги почести со фотографија од нејзиното табло.

Александра  ја завршува четврта година во средното училиште „Јане Сандански“ во Струмица. Во јавноста се уште не е познато каде таа ќе го продолжи своето школување дома или во странство.

Александра е постарата ќерка на Зоран и на Зорица Заеви, кои се родители и на синот Душко. Ќерката на Заев  е активна на социјалните мрежи и таа често знае да објави слики од нејзиното семејство и нејзините патувања со нејзиниот дечко.

Премиерот и неговата сопруга лани прославија 23 години брак.