Премиерот најави нови 500 милиони евра кредит. Ќе биле за локални и регионални патишта

„Бидете спокојни, ќе дознаете“.
Вака премиерот Христијан Мицкоски денеска им одговори на новинарите на прашањата поврзани со новиот кредит од 500 милиони евра кој ќе го земе владата.
Премиерот рече дека новите 500 милиони евра ќе биде заем од европска држава, но не сакаше да каже која е таа држава и дали тоа можеби не е пак Унгарија. Освен дека се работи за држава од Европа.
Според зборовите на премиерот, тие половина милијарда евра ќе бидат вложени во реконструкција на локални, регионални и експресни патишта. „Ќе се поврзуваат општина со општина со локални и регионални патишта“, рече Мицкоски.
Владата веќе се задолжи една милијарда евра од Унгарија. Петстотини милиони се искористија за враќање на еврообврзницата, а 250+250 за општините и за бизнисот.