Премиерот Ковачевски меѓу нашинците во Голо Брдо

Со донација од градежна машина многу потребна за чистење на снегот во зима и светилки за улично осветлување премиерот Димитар Ковачевски денеска отиде меѓу Македонците во областа Голо Брдо во Албанија. На присутните Ковачевски им кажа дека со тоа се реализирало уште едно барање од заедничкиот договор на Македонците од овие краеви со Владата.
Акцискиот план за поддршка на нашите Македонци од Голо Брдо и Пустец ја покажува нашата поддршка за подобрување на условите за живеење на нашинците кои живеат овде. Денеска со донација на градежна машина и светилкиза улично осветлување одговараме на уште едно барање на нашите Македонци, и го исполнуваме нашиот заеднички договор“, рече Ковачевски.
Тој најави дека скоро граничниот премин Требиште-Џепиште ќе функционира 24 часа. „Има еден инфраструктурен дел кој треба да се направи на албанска страна, има делови кој што треба да се договорат помеѓу министерствата за внатрешни работи. Денес со премиерот на Албанија, Еди Рама, разговаравме и ресорните министри веќе се запознаени од двете држави за начинот на кој треба да го санираме и да го решиме овој долгогодишен проблем кој што Македонците од Голо Брдо го имаат, а пред се сè однесува на непречено 24 часа комуникација на граничните премини меѓу двете држави“.
Донацијата е во вредност од 1 милион денари.