Премиерата на „Отело“ со Дензел Вашингтон го собра Холивуд на Бродвеј

Премиерата на Отело на Шекспир на Бродвеј доби дополнителна доза на гламур кога се појави поп- ѕвездата и актерка Џенифер Лопез, во театарот Етел Баримор со 17-годишната ќерка Ема, која пред неколку години изјави дека ги користи заменките таа/тој, не сакајќи да се дефинира по полот.
Лопез блескаше во гламурозна облека покриена со кристали, мониста и златни светки од најновата колекција на Зухаир Мурад, додека Ема во кул црн костум со пруги и пирсинг ги рефлектираа најновите трендови.

Семејното дуо предводеше ѕвездена постава гости – меѓу кои и поранешниот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил .

Во претставата, во режија на Кени Леон, глуми Дензел Вашингтон како Отело, додека Џејк Гиленхал е Јаго, а црвениот тепих на премиерата изгледаше како оној за Оскарите. Од шефицата на Вог, Ана Винтур, актерките Кејти Холмс, Синтија Никсон, Џејми Ли Кертис и актерите Семјуел Л. Џексон и Лиев Шрајбер, многу познати личности од А-листата дојдоа да ги поддржат своите колеги, но и да уживаат во Шекспир на Бродвеј.