Премиера на „Вишновата градина“ во Турски театар

Турскиот театар вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Владимир Милчин.
Сценографијата е на Крсте С. Џидров, за костимографијата се погрижи Марија Пупучевска, а улогите ги толкуваат: Бедија Беговска, Емине Халил, Несрин Таир, Елјеса Касо, Џенап Самет, Селпин Керим, Неат Али, Сузан Акбелге, Осман Али, Слаѓана Вујошевиќ, Зиба Радончиќ, Хакан Даци и Ерман Шабан.
Премиерата ќе биде изведена согласно КОВИД протоколите и препорачаните мерки. Бројот на седишта е ограничен. м