Премиера на новиот проект на МНТ „Нема да биде крај на светот“ во Сараево

Премиерата на проектот „Нема да биде крај на светот“ од авторот Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ, ќе се одигра денеска на сцената на САРТР – Сараево.
„Нема да биде крај на светот“ е најновиот проект што почна да се подготвува на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ).
Проектот во продукција на Перипетија продукција, a во копродукција со МНТ и Сараевскиопт воен театар – САРТР, својата втора премиера ќе ја има во ноември во МНТ, согласно со протоколарните мерки за заштита од Ковид-19.