Прекинато водоснабдувањето за корисниците на ул. „Атанас Бабата“, „Јосиф Михајловиќ“ и дел од „Прохор Пчински“
Корисниците од ул. „Атанас Бабата“, „Јосиф Михајловиќ“ и дел од „Прохор Пчински“ денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради уличен дефект од Ф-60мм на ул. „Атанас Бабата“ 10 во населба Чаир, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до санирање на дефектот.