Прекинат Самитот на ЕУ, продолжението закажано за утре


Белгија– Лидерите на 28-те земји членки на ЕУ не успеаја да се договорат околу кандидатите за водечките позиции на институциите на Унијата, поради што по 18-часовни разговори го прекинаа Самитот започнат синоќа и неговото продолжение претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск го закажаа за утре.

Самитот започна синоќа и по маратонските преговори што во различни формати траеја цела ноќ, продолжи утрово со работен појадок.

Според дипломатски извори, главен спор настанал околу предлогот нов претседател на Европската комисија да биде социјалдемократот Франс Тимерманс, идеја што ја поддржала и германската канцеларка Ангела Меркел, но на тоа се спротивставиле лидерите од Европските народни партии (ЕПП).

Кога станува збор за нов претседател на Европскиот совет во игра се Бугарката Кристалина Георгиева, белгискиот премиер Шарл Мишел, данската еврокомесарка Маргарет Вестагер, како и кандидатите за прв човек на ЕПП и на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ), Германецот Манфред Вебер и Белгиецот Ги Верхофстад.

Претседателот на претходниот состав на Европскиот парламент, Антонио Тајани најави дека без разлика на исходот од заседанието на Европскиот совет, Европарламентот ќе одржи седница в среда на која ќе го избере својот нов прв човек.