Прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во Општина Карпош
Од ЈП Водовод и канализација информираат дека денеска ќе има два прекини во водоводната мрежа во Општина Карпош.
Поради промена на вентил од ф 2 на ул. „Никола Парапунов“ бр.5 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности.
Поради дефект на приклучна цевка од ф 1 на ул. „Копенхагенска“ бр.6 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Копенхагенска“, „Бриселска“, „Гаврил Лесновски“, „Стокхолмска“, „Његошева“, „Петар Драганов“ и дел од „Софиска“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување на работните активности.