Прекин на водоснабдувањето на дел од булеварот Борис Трајковски
Поради уличен дефект на водоводната мрежа на булеварот Борис Трајковски, денеска од 16:30 часот ќе има прекин во водоснабдувањето.
Без вода, како што информираат од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје, ќе бидат корисниците од краците 8, 10 и 12, кои се приклучени на булеварот Борис Трајковски.
Прекинот ќе трае до завршување на активностите за санирање на дефектот.