„Предаден“: Ова е насловната страница на утрешното издание на „Шпигел“

На насловната страница на утрешното издание на „Шпигел“ (Der Spiegel) ќе има фотографија од украинскиот претседател Володимир Зеленски со пораката: „Предаден. Прво Зеленски, наскоро ние? Радикално дистанцирање на САД од сојузниците“.
Уредниците се одлучија за оваа насловна бидејќи Украина се наоѓа во исклучително тежок дипломатски период, откако американскиот претседател Доналд Трамп стави крај на политичката изолација на рускиот претседател Владимир Путин, започна билатерални преговори со Москва и даде изјави во согласност со ставот на Кремљ за Украина.
Инаку, „Шпигел“ е еден од најпознатите и највлијателните германски неделници. Основан е во 1947 година и е познат по своето истражувачко новинарство, детални анализи и критички пристап кон политичките и социјалните прашања.
Неделникот покрива широк спектар на теми, вклучително и политика, економија, наука и култура и често разоткрива скандали и корупција. Покрај печатеното издание, „Шпигел“ има и едно од најчитаните дигитални изданија во Германија. (Индекс)