Пред пуштање кружната градинка во Волково


Фото: Б. Грданоски

Една од најубавите градинки во Македонија, која се наоѓа во Волково, со кружна форма, затитен двор,каде децата може безбедно да играат, наскоро треба да биде пуштена во употреба. 

Денеска, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски и претседетелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски извршија увид во градежните активности на новата детска градинка „Сонце“, – дел од градинката „Росица“ во Ѓорче Петров.

Новата градинка е на површина од 1.600 метри квадратни, а има капацитет за околу 135 деца.

– Пректот е финансиран од Светска банка преку Министерството за труд и социјална политика во поголем дел и дел од она што го завршивме како градежни активности од приближно седум милиони денари од страна на Општината. Успеавме да ги надминеме сите градежни проблеми. Објектот е 1.600 метри квадратни корисна површина, во кој ќе може да се сместат седум групи на дечиња од различна возраст, наведе Стојкоски.

Тој додаде дека по сите стандарди во градинката ќе можат да се сместат над 135 деца.

– Успеавме да ги надминеме недоразбирањата со МТСП бидејќи цела година баравме согласности за нови вработувања за да го отвориме овој објект.Со ова решаваме горлив проблем, со отворање на овој објект очекуваме листата на чекање за упис во градинка да дојде до под 200 дечиња, истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров.

Градинката е готова од пред лански локални избори, но за доцнењето на нејзиното пуштање објаснувањето беше дека фалат пари за ограда на терасата која го обиколува целиот покрива на градинката.

Архитектите кои ја осмислија оваа градинка, лани ја добија наградата за најдобар архитектонски проект од претседателот Стево Пендаровски. 

„Детска градинка Волково“ е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2021 година

„Независен“ претходно  пишуваше за необичниот објект.  

Градинка во форма на круг – архитектонски бисер во Волково