Пред 400 години Холанѓаните ги продавале куќите за да купат лалиња


Лалињата пристигнаа во Холандија од Централна Азија кон крајот на 16 век и набрзо станаа исклучително популарни. Нивната привлечност дополнително се зголеми благодарение на вирусната болест која предизвика појава на многубојни шари на ливчињата, што ги направи уште попосакувани.

Тулипоманија: Лудило за луковици
Додека одгледувачите се обидуваа да ги добијат најубавите примероци, трговијата со ликовици (Кратко подземно стебло на лук, кромид, лале, зумбул) станал профитабилен бизнис. Биле отворени специјални брокерски куќи за трговија со лалиња, а набрзо пазарот се претворил во вистинска шпекулација. Луѓето почнале да ги купуваат не само за одгледување туку и за препродажба по повисоки цени.

Во тоа време, Холандија била една од најбогатите европски земји благодарение на развиената меѓународна трговија. Амстердам имал софистицирана берза, па населението било склоно да инвестира. Како што постојано влегувале поголеми суми пари на пазарот за лалиња, цените се искачиле на неверојатно нивоа.

Во 1635 година е забележано дека 40 луковици од лалиња може да се продаваат за дури 100 илјади гулдени, додека годишната плата на квалификуван работник била само 150 до 300 гулдени. Некои луѓе ги продадвале своите имоти, куќи, па дури и земја за да инвестираат во лалиња. Во еден случај од 1636 година, 50 илјади квадратни метри земја биле заменети за една луковица од ретката сорта Семпер Августус.

Пазар и финансиска катастрофа
Но, како и секој финансиски балон, така и овој не можел да трае вечно. На почетокот на 1637 година, имало остар пад на побарувачката – никој повеќе не сакал да плаќа премногу високи цени за луковици. Пазарниот пад се случил на почетокот на февруари, иако точниот датум не е познат.

Пазарот пропаднал, а лалињата кои до вчера вределе цело богатство наеднаш ја загубиле својата вредност. Многумина останале без имот, а некои се задолжиле до тој степен што повеќе не можеле да си ги враќаат долговите.

Тулипоманијата стана првиот познат случај на финансиски балон во историјата, но никако последен. Слични модели на однесување се забележани низ историјата – од падот на пазарот на недвижности до падот на берзата.