Пред 133 годни измислена е кошарката – среќен роденден!


На денешен ден, пред 133 години, Џејмс Нејмсит ја измислил кошарката.

Нејсмит, кој се смета за татко на играта со магичен обрач, напишал 13 правила на 21 декември 1891 година како додаток на физичкото образование во училиштето „Христијанско здружение за млади“.

Од тие правила, дури десет се користат и денес, во нивната оригинална форма или со мали измени.

 

Првите натпревари вклучуваа фрлање на топката во кошеви, па оттука и името „кошарка“.

Нејсмит почина во 1939 година, три години откако неговиот изум стана официјален спорт на Олимписките игри во Берлин во 1936 година.

Оригиналните кошаркарски правила, напишани на два листа хартија од Нејсмит, беа продадени на аукција во Њујорк во 2010 година за 4.300.000 долари.

Денешниот датум се смета за ден на кошарката.