Празни полици во Белгија пред затворањето што ќе трае месец и половина


 

Граѓаните на Брисел ги испразнија полиците во продавниците откако тамошните власти донесоа одлука за затворање на земјата поради многу лошата епидемиолошка ситуација.

Белгија утре, на 1 ноември се затвора. Премиерот Александер де Кро вечерва најави драстични мерки за затворање на Белгија со цел сузбивање на ширењето на корона вируспт.

Де Крон наведе дека само во последната недела 100 илјади граѓани на Белгија се инфицирани со корона вирус.

Здравствениот систем е пред колапс.

„Во моментов постои само еден избор, а тоа е сите да го поддржиме здравствениот сектор колку што можеме. Мора да ги ограничиме нашите физички контакти што е можно повеќе. Мораме да го покренеме растот на економијата и тоа со радикални мерки“, порача де Кро.

Новите мерки на затворање на земјата стапуваат на сила во недела вечер и ќе траат до 13 декември со ревидирање по еден месец.

Сите продавници кои не се неопходни ќе бидат затворени, како и фризерските и козметичките салони и други услужни дејности кои бараат физички контакт.

Работата на далечина е задолжителна, а контактите ограничени само на едно лице во затворен простор, односно четоворица на отворено.

Есенскиот школски рапсуст е продолжен до 15 ноември.

Надворешните граници на земјата остануваат отворени, но на граѓаните им е препорачано да не патуваат без потвреба.

„Во прашање се драстични и болни мерки, но ова е последна прилика да се намалат бројките и мерките да имаат ефект“, заклучи белгискиот премиер.

Белгија во текот на октомври донесе одлука за затворање кафулиња, ресторани, културни и спортски објекти. Задолжително е носење маски на отворено и на сила е полициски час во целата земја.