Пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ хоспитализиран на Инфективната клиника поради Ковид-19


Собранието денеска информира дека пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ, е позитивен на Ковид-19 и оти тој е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

„Согласно покажаните симптоми пратеникот Исмаил Јахоски е тестиран и неговиот тест е позитивен на КОВИД-19. Поради ова, а сѐ со цел истиот да биде под надзор на стручни лица како би се спречил развој на несакани компликации,пратеникот Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје“, се наведува во соопштението од Собранието.

Законодавниот дом, како што се наведува во соопштението, апелира до сите останати пратеници, „освен во Собранието, да се придржуваат до мерките за заштита на колективното здравје и во домашни услови, посебно во контактите со најблиските“.