Пратениците закажаа седница, ќе бараат да влезат во АНБ

Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) утре претпладне ќе одржи седница. Седницата ја свика претседателот на Собранието Африм Гаши откако Агенцијата за национална безбедност и премиерот Христијан Мицкоски обвинија дека тој за време на претходната власт бил прислушуван и следен, а бившото раководство на АНБ и опозициониот СДСМ рекоа дека дека тоа се измислици и оти Мицкоски никогаш не бил цел на прислушување.
Единствена точка на дневен ред е предлог-заклучок за влегување во контрола на АНБ. Не е кажано дали седницата ќе биде зад затворени врати и во таканаречената Глува соба во Собранието, туку само дека со неа ќе заседава ексминистерката за одбрана, пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска. Таа сега е членка на Комисијата за надзор над АНБ и АР.