Праисториски членконоги биле првите „канибали“ во светот
Прастарите членконоги, познати како трилобити, биле првите, засега познати, „канибали“ на планетата Земја. Ова откритие е засновано на пронајдените фосилите.
Трилобитите се веќе изумрени морски членконоги кои живееле пред околу 541 милион години. Суштествата имале дебели егзоскелети, што е веројатно една од причините зошто останале толку многу фосили – егзоскелетите во тој случај се скаменуваат многу побрзо отколку помеките ткива.
Расел Бикнел, палеонтолог од Универзитетот на Нова Англија во Австралија, истражувал фосили од трилобити од островот Кенгару во Јужна Австралија последниве пет години. Пронајдени се два подвида трилобити: „redlichia takooensis“, кој јадел остатоци од хранливи материи на морското дно и поголемиот „redlichia rex” – којшто бил грабливец.
Многу од фосилите на „r. takooensis“ се пронајдени со траги од каснувања на грбот, што палеонтолозите го толкуваат како „канибализам“ кај овој вид. Бикнел верува дека ранетите животни, всушност, и се обидувале да избегаат од нивниот грабливец.