Познати мисли на Милан Кундера: „Борбата на човекот против власта е борба на меморијата против заборавот“
Денеска почина еден од најголемите и најчитаните писатели на 20 и 21 век Милан Кундера.
Тој како писател сакаше да се фокусира на суштинското. За него суштинското не вклучува физички изглед или дури ни внатрешен, физиолошки свет на неговите ликови. Секоја негова нова книга ја манифестира последната фаза од неговата лична филозофија. Некои од овие мета-теми се егзилот, идентитетот, животот над границите (над љубовта, над уметноста, над сериозноста), историјата како континуирано враќање и задоволството од помалку важниот живот.
Многу од ликовите на Кундера ја имаат целта да ги опишат овие теми со цел да се развие нивното врвно чувство за хуманост. Деталите околу ликовите најчесто остануваат прилично нејасни. Често, повеќе од еден лик е користен во романот, дури до степен на целосен дисконтинуитет на ликот за да приказната продолжи со комплетно нов лик.
Затоа ви пренесуваме дел од неговите најпознати мисли:
– Кога саканата личност е постојано присутна, таа всушност би била присутна само во својата постојана минливост, која може да се запре само во моментите на осаменост.
– Не треба постојано да се враќаме во минатото. Доволно е и тоа што мораме, против своја волја, да му подариме толку време.
– Во животот, драг мој пријателе, не се работи за освојување што повеќе жени бидејќи тоа е само надворешен успех. Се работи, пред сè, за негување на сопствените високи стандарди, бидејќи тие ја одразуваат мерката на вашата лична вредност. Запомни, драг пријателе, како вистинскиот рибар ги враќа малите риби во водата!
– Постои надворешен изглед на жената, кој погрешно се толкува како убавина. А тука е вистинската еротска убавина на жената. Се разбира, не е мала работа да се препознае таквата љубов на прв поглед. Тоа е уметност.
– Борбата на човекот против власта е борба на меморијата против заборавот.
– Тоа е смртно слатко сино, како непостоење. Бидејќи непостоењето е бескрајна празнина, а празниот простор е сино, нема ништо поубаво и поутешно од синото. Не случајно Новалис, поетот на смртта, ја сакаше сината боја и ја следеше само неа. Слаткоста на смртта е сина.
– Еднаш ме покани во неговата соба. На клавирот беа распослани варијации од сонатата опус 111. – Види – ми рече и покажа на нотите (и постепено заборави како се свири на пијано). – Види – повтори, а потоа по долг напор успеа да каже – сега знам! -Тој упорно се обидуваше да ми објасни нешто многу важно, но неговата презентација се состоеше од сосема неразбирливи зборови. Кога сфати дека не го разбирам, зачудено ме погледна и рече: -Чудна работа!
– За доброто на овој свет, не е неопходно ангелите да добијат надмоќ над ѓаволите (како што мислев кога бев дете), туку моќта на двете страни да биде приближно еднаква.
– Водењето љубов со жена и спиењето со жена се две посебни чувства. Првото е страст, второто е љубов.