Познати 32 учесници во Лигата на шампионите на УЕФА, остануваат слободни уште четири места


Нион – По одигрувањето на три реванши од плејофот, синоќа станаа познати уште три учесници во фудбалската Лига. на шампиони. Сега бројот на тимови со обезбедено учество во елитното натпреварување е 32.

Синоќа место во ЛШ изборија Каират (Казахстан), Бодо-Глимт (Норвешка) и Пафос (Кипар).

Претходно, билети за генералната фаза освоија Тотенхем, Ливерпул, Арсенал, Манчестер сити, Челзи, Њукасл (Англија), Наполи, Интер, Аталанта, Јувентус (Италија), Барселона, Реал, Атлетико, Атлетик, Виљареал (Шпанија), Баерн, Баер, Ајнтрахт, Борусија Дортмунд (Германија), Пари Сен Жермен, Марсеј, Монако (Франција), ПСВ, Ајакс (Холандија), Спортинг (Португалија), Унион (Белгија), Галатасарај (Турција), Славија (Чешка), Олимпијакос (Грција).

Вечер ќе бидат познати имињата на последни четири екипи кои ќе играат во ЛШ.

Генерална фаза на лигата Лигата на шампионите 2025/26 ќе започне на 16 септември и ќе заврши на 28 јануари. Плејофот ќе започне на 17 февруари. Финалето е закажано за 30 мај во Будимпешта. з