Познат терминот и местото на одигрување на првиот натпревар од дуелот Шкендија – Карабах

Пласманот во третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите за македонскиот првак Шкендија значеше и дополнителна обврска.
Клубот од Тетово донесе одлука првиот натпревар што треба да го игра како домаќин на Националната арена во Скопје да се игра на 5 август (вторник) со почеток во 20 часот.
Тетовчани ништо не менуваат истиот ден (вторник) и во ист термин (20 часот) ги играа и претходите два натпревара како домаќини со ТНС од Велс и ФЦСБ од Романија.
Реванш дуелот ќе се игра на 12 август во Баку во 18 часот.