Позитивно мислење на ЕК за барањето на БиХ за кандидатски статус


Белгија– Европската комисија даде позитивно мислење за барањето на Босна и Херцеговина за добивање кандидатски статус за членство во Европската Унија.

Во извештајот, што се однесува на Босна и Херцеговина, беше обајвено и мислење за барањето на БиХ за членство во Европската унија, кое е анализирано откако властите на таа држава во февруари оваа година ги доставија одговорите на дополнителните прашања од Прашалникот на Европската комисија.

Во мислењето ЕК наведува дека Босна и Херцеговина може да стане членка на ЕУ со тоа што постојат голем број на чекори и барања, кои треба да бидат исполнети.

По објавувањето на мислењето на Европската комисија за кандидатски статус на Босна и Херцеговина, ќе одлучуваат 28-те земји членки на ЕУ, што значи дека државата се уште нема статус на кандидат за членство во Унијата.