Пожарот во Чаир никако да се изгаси – имало многу запалливи материи


Гаснењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали, информираа попладнево од ЦУК.

 Дополнително како помош на скопските пожарникари ќе пристигне специјално противпожарно возило на Армијата, додаваат од таму.

Инаку, 0д  МВР информира дека во 01:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на улица „Серава“ во Скопје. На лице место била упатена екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје. Додека, Центарот за управување со кризи информираше дека интервенцијата се извршувала со седум возила и 20 пожарникари. Опожарен е дуќанот за електроника „Хороз Електрик“ на приземјето во зградата.

Вкупно 43 лица се хоспитализирани по пожарот во зграда во Чаир што избувна утрово. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба.

Како што информирадиректорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, таму денеска имало 31 пациент од кои пет се задржани на болничко лекување,  а според директорот на Детска клиника Реџеп Мемеди, кај нив се  примени 12 деца на возраст од 5 месеци до 11 години. 

Сите пациенти се во стабилна состојба.