Пожарот делумно го зафати покривот на црквата кај село Мршевци


Попладнево во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на околината. Поради силниот ветер пожарот е проширен кон селото Бујковци и кон индустриската зона, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

– Според информациите кои ги имам, за жал, од пожарот делумно е зафатен покривот на црквата кај селото Мршевци, а други штети се уште не се пријавени, изјави Ангелов.

Тој посочи дека од густиот чад на автопатот Скопје-Куманово имаше намалена видливост, поради што дојде и до сообраќајна несреќа, па автопатот сè уште е затворен во двата правци.

-Поради силниот ветер не може да полетаат „ер-тракторите“ на ДЗС и хеликоптерите на Полицијата и Армијата и да се вклучат во гасење. На терен се скопската Пожарна, но и локално население. Со тешка маханизација се прават препреки пожарот да не се прошири, рече Ангелов и додаде дека во моментот кога ветрот ќе намали ќе полетаат  „ер-тракторите“  на ДЗС и Армијата.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), во земјава има 11 активни пожари.