Пожарникарите спасија бездомно куче заглавено во канал


Противпожарна екипа од Скопје, по дојава на граѓани, презеде денес акција на спасување на бездомно куче.  Акцијата за спас на кучето, што ја предводеше пожарникарот Филип Стојков, се одвиваше кај  реката Серава во Општина Бутел, каде што кучето паднало во канал, видно повредено и без сила и можност самото да се извлече.
 
По апел на здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ на терен излегоа Противпожарната служба на Град Скопје и  активисти за заштита на животните, по што кучето беше успешно извлечено од каналот.
 
Истото ќе биде згрижено од  здружението и ќе биде испратено на детални прегледи во ветеринарна ординација.