Пожари опустошија речиси милион хектари во Боливија
Во Боливија пожарите опустошија 950.000 хектари земја и покрај акциите на пожарникарите кои вчера беа поддржани и од авион Боинг Супертанкер 747-700.
Од пожарите уништени се 32 отсто шуми во Чикитано каде живеат околу 2.000 семејства во 11 села и 35 заедници домородно население. Министерот Хуан Рамон Кинтана објави на Твитер дека е задоволен од акциите на авионот Боинг Супертанкер земен под наем од американска компанија.
Откако ќе ги изгасне пожарите во источниот дел од државата ќе се користи во реонот на рамнината Пантанала што се простира низ Боливија, Парагвај и Бразил.