Пожар во Визбегово, скопските пожарникари интервенираат со четири возила


Фото: Б. Грданоски

 Голем пожар утринава има во Визбегово. Според првичните информации од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје гори отпад. 

Командантот на ТППЕ на Град Скопје Звонко Томески во изјава за МИА вели дека на терен се испратени четири возила кои интервенираат заедно со две возила од „Комунална хигиена“. 

Од Центарот за управување со кризи потврдија дека во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини.

Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи.

По барање на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш побарана е воздушна поддршка за справување со пожарот.

 

 

Центарот за управување со кризи веднаш го процесуираше барањето до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со цел побрза и поефикасна интервенција на терен. Укажано му е на градоначалникот на Шуто Оризари доколку се процени дека има потреба да пристапи кон евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон, информираа од ЦУК.