(Фото+видео) Скопје повторно се гуши во чад, гори во Трубарево, се слушаат и експлозии, пожарникарите интервенирале и во Лисиче
Уште не се санирани последиците во Вардариште и Дрисла, а се јавија и нови пожари, од кои што огромни црни облаци се надвија над делови во градот

Скопје и денеска се гуши во чад. Уште не се санирани последиците во Вардариште и Дрисла, а се јавија и нови пожари, од кои што огромни црни облаци се надвија над делови во градот. Снимките се повеќе од загрижувачки. Жители на Ново Лисиче велат дека се слушаат и експлозии од правец на Трубарево.
Пожар избувнал го компанијата „Ф-Групација“ во Турбарево, која се занимава со електронски отпад, а во негово гасење се вклучени неколку екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје кои претходно интервенирале и во гаснење на пожар во стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче, потврдија од Дирекцијата за заштита и спасување и од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
– Има голем пожар во Трубарево, со кој се зафатени отпадни материи, се гасне со повеќе екипи, изјави за МИА Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
Како што рече, веќе е изгаснат пожарот кај стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче.
Еве уште неколку фотографии снимени во Ново Лисиче.