Пожар во романскиот парламент: Итно евакуирани 300 луѓе
Денеска избувна пожар во романскиот парламент, како резултат на кој се евакуирани 300 лица, јавуваат романските медиуми.
„Пожарот настанал на влезот од зоната за посетители, на ниво С2. Пожарникарите биле во објектот и веднаш интервенирале, па пожарот веднаш бил изгаснат. Надлежните институции ќе ја утврдат причината за пожарот“, се вели во соопштението на Долниот дом на Парламентот.
Инспекторатот за вонредни состојби (ИСУ) наведува дека пожарот избувнал во просторија за посетители од 30 метри квадратни.
„Запалени се текстил и канцелариски предмети. Нема повредени во инцидентот“, соопшти ISU Букурешт, пренесува Romania Journal. Полицијата соопшти дека според првичната истрага, откриено е дека во тек на судир, маж, посетител, наводно фрлил запалива материја“ во Палатата на Парламентот.
„Пожарот беше во собата на посетителите, во тој момент беа евакуирани приближно 300 луѓе“, соопшти парламентарната полиција. Наводно бил фрлен бензин, а полицијата го проверува идентитетот на човекот кој се обидел да побегне.