(Видео) Пожар во московската ковид болница „Комунарка“
Руските телевизии денеска прикажаа снимки како се крева чад над московската болница „Комунарка“, што е еден од главните центри за лекување на пациенти со коронавирус.
Телевизискиот канал НТВ сооошти дека пожарот избувнал во дел од медицинскиот комплекс.
Пред пожарот се слушнал и силен тресок, додава телевизијата НТВ.
Дел од руските медиуми цитираат извор од болницата кој кажал дека станува збор за зграда во изградба и дека во неа немало пациенти.
Во Русија во октомври веќе имаше пожар во ваков центар за лекување на Ковид-19. Во мај, пет лица загинаа кога се запали респиратор во единица за интензивна нега на една болница во Санкт Петербург.
https://twitter.com/disclosetv/status/1329086369692483584?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1329086369692483584%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2020mm%3D11dd%3D18nav_category%3D78nav_id%3D1766340