(Галерија) Пожар во близина на СЦ „Борис Трајковски“


Фото: Б. Грданоски

Густ бел чад се надвива над Спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде гори запалено ѓубре.

На фотографиите се гледа дека чадот го покрива и паркингот кај салата. Полицијата е пристигната во близина на пожарот.

Фото: Б. Грданоски

Три возила на пожарната со осум пожарникари се обидуваат да го изгасат пожарот, но велат дека е тежок за гасење.

Противпожарните екипи треба да поминат преку приватен имот за да пристапат кон гасење на пожарот. Пожарните возила постојано доаѓаат и си заминуваат. Во близина на салата бараат хидрант за да ги приклучат цревата за гасење.

Инаку, гори отпад и градежен шут. Се чека механизација од Општина Карпош и од Град Скопје за да се расчисти отпадот.

Како што изјави Владимир Симоновски, командант на Бригадата за противпожарна заштита, пријавата за пожарот ја добиле утринава во во 8.10 минути.

-Се работи за градежен шут и отпад. Имаме три возила и осум пожарникари на терен. Не станува збор за голем пожар, зафаќа мала површина, меѓутоа е малку проблематична за гасење, велат од пожарна.

Оваа депонија, екипи на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и Град Скопје ја чистеа на крајот на април, минатата година, но несовесните граѓани сега повторно направиле нова.

Воздухот во Скопје викендов енормно загаден