Пожар во албанското летувалиште Ксамил
Албанија– Пожар вчера попладне избувна во близина на албанското летувалиште Ксамил. Зафатени се трева и нискостеблеста шума на тешко пристапно подрачје.
На терен беа пожаникари кои заедно со локалното население го локализираа пожарот. Засега нема опасност пожарот да ги зафати станбените објекти во крајбрежјето на Ксамил, каде што во моментов летуваат и голем број туристи од С Македонија.
Освен мирис на чад и забележлива раздвиженост на пожарникарски возила, нема издадено предупредување од албанските власти за евентуална опасност од пожарот, велат за МИА македонски граѓани кои летуваат во Ксамил.