Повторно висок број новозаразени во Хрватска – 234


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 234 случаи на зараза со корона вирус, објави тамошниот кризен штаб.

бројот на активни случаи во моментот во Хрватска изнесува 1.325, пренесе Индекс. Меѓу нив 297 пациенти се на болничко лекување, а 26 на респиртор.

Досега вкупно се заразени 16.827 лица, а починаа 284. Оздравеа 15.218, од кои 161 во последните 24 часа.

Во самоизолација се 7.903 лица.

Вкупно се тестирани 312.406 лица, а 5.322 во последното деноноќие.