Повторно уапсен познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ


Познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ (51) очигледно не го исплатил целиот долг кон хрватската држава за скандалозното однесување по неговото апсење на 8. септември минатата година во Сплит, кога беше приведен поради неговото куче.

Тогаш го пријавија граѓаните бидејќи на една плажа го држел својето куче без надзор, што ги вознемирило присутните.

Имено, Трифуновиќ вчера околу полноќ повторно бил уапсен, и тоа на граничниот премин Бајаково, кога се обидел да влезе во Хрватска, и ќе биде доведен во Сплит на Општинскиот прекршочен суд каде го очекува ново судење.