„Повторно родена“ – последна гала француска филмска вечер во кино „Милениум“


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, ја организираат  четвртата и последна гала филмска вечер за оваа година со проекција на филмот „Повторно родена“. Филмот ќе биде прикажан в четврток, 14 декември 2023, во 20 часот, во кино „Милениум“ (ГТЦ, 1 кат).

 Настанот ќе го отвори Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција.

 Филмот е дело на режисерот Седрик Клапиш, а во главните улоги играат Марион Барбо, Хофеш Шехтер, Дени Подалидес.

 

 

Што напишаа француските медиуми за филмот:

 

Седрик Клапиш прави грандиозно враќање во филмската индустрија, снимајќи ги телата во движење со уникатна флуидност: гледачот е понесен од животната сила на една млада жена која наоѓа храброст да си даде уште една шанса. (Le Journal du Dimanche)

 

Ова е еден од најдобрите филмови на овој режисер, визуелна уметност во секој кадар. (Franceinfo Culture)

 

Од овој филм се заминува со широка насмевка и ведрина во душата. (20 Minutes)

 

Телото додека се движи, дури и да боли, значи живот – ова ни го доловува овој лесен филм за човештвото. (Télé 7 Jours)  

 

 Бесплатни влезници за проекцијата се резервираат преку следната мејл адреса: [email protected] (во рамките на капацитетот на расположливи места во салата).