Повредени учеснички на Младинските олимписки игри во Куманово: Две велосипедистки паднале на целта


Фото: Б. Грданоски

Две учеснички на Европскиот младински олимписки фестивал се повредиле при пристигнување на целта од велосипедската трка што се одржа во Куманово, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Станува збор за малолетна учесничка од Полска и 21-годишна натпреварувачка од Норвешка. Тие паднале при пристигнување на целта и се здобиле со лесни телесни повреди.

Натпреварите во рамки на фестивалот продолжуваат, а организаторите апелираат за внимание и почитување на безбедносните мерки на терен.

Од ЕМОФ денес упатија апел до сите учесници и тимови строго да се придржуваат до зададените правила, одобрени патеки и определени термини за тренинг, како и навремено да ја информираат организацијата за секоја планирана активност надвор од официјалната програма.

Организаторите уверуваат дека натпреварувањата се одвиваат согласно највисоките безбедносни стандарди предвидени за ЕМОФ Скопје 2025.