Поворката со ковчегот со телото на кралицата тргна од Балморал за Единбург


Поворката со ковчегот со телото на починатата кралица Елизабета Втора тргна од замокот Балморал во Шкотска. Погребната поворка полека ќе ја минува рутата долга 280 километри од Балморал до Единбург за луѓето да можат да и оддадат последна почит на кралицата.

Поворката треба да помине низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт, што ќе трае околу шест часа.Долж рутата има илјадници луѓе кои чекаат да и оддадат последна почит на кралицата.

Ковчегот ќе биде положен во Холирудхаус, кралската резиденција во Единбург, каде што ќе остане до утре попладне. Ова беше моментот кога ковчегот го напушти замокот Балморал, известува Би-Би-Си. Во вториот автомобил зад мртовечката кола е ќерката на кралицата, принцезата Ана, која ќе остане со ковчегот додека тој е преместен прво во Единбург, а потоа во Лондон.

Првата министерка на Шкотска Никола Старџен вели дека ова е „тажен и потресен момент“ бидејќи кралицата го напушта „својот сакан Балморал“ за последен пат. „Денес, додека ковчегот патува до Единбург, Шкотска ќе ѝ оддаде почит на една извонредна жена“, напиша Старџен на Твитер.

– Во годините што доаѓаат моите деца ќе учат за неа и ќе учат за овој момент. Важно е да им покажам дека биле тука – Ешли за Би-Би-Си.

Кога ковчегот помина над селото Абојн во Абердиншир го пречекаа збуци од шкотски гајди. Стотици луѓе од сите возрасти поминаа на главната рута низ селото во прекрасното јасно септемвриско утро.

„Сега (кралице, ти) одиш на пат“, се слушаше како едно лице вели додека ковчегот на кралицата минуваше.