Повластени билети за ЈСП за лица со попреченост изгласано – нови автобуси и БРТ систем, не


Фото: Б. Грданоски

По 24 пат, советниците на Град Скопје не ја изгласаа потребата од набавка на нови автобуси за главниот град, како и воведување на Брзиот автобуски превоз. Единствени пак, беа во гласањето на повластено користење на градскиот превоз од страна на лицата со попреченост, за 2025 година. 

Тоа значи дека овие лица и понатаму ќе можат да имаат бесплатен билет за градските автобуси во Скопје, секако, ако ги има. 

Но, за набавка на нови еколошки автобси, советниците од ВМРО-ДПМНЕ повторно немаа слух. 

На дискусијата која претходеше на неуспешното гласање, советниците од СДСМ истакнаа дека автобусите кои премиерот најави дека ќе се набавуваат за Скопје, но и за другите градови низ Македонија, нема брзо да го реши проблемот со превозот во градто, затоа што прво, ќе бидат електрични, па нема детали за тоа дали колку нови вработувања ќе бидат потребни за да функционираат. Беше нагласдено и дека тие автобуси, ако се набават нема да пристигнат во Скопје пред локалните избори догодина, а ќе пристигнуваат во следните четири години. 

За БРТ системот, дискусијата беше уште покуса, се повтори дека за тој проект има пари кои чекаат да бидат потрошени, а затоа што не се користат плаќаме камата, но тоа не беше доволно да ги убеди советниците од ВМРО-ДПМНЕ да го сменат своето мислење и да ја изгласаат точката.

Советниците одбија да расправаат и за барањето од приватните превозници за зголемување на цената по километар.

Градскиот превоз во Скопје подолго време се соочува со проблеми, автобуси нема, а последниот куршлус беше со ненавремена набавка на гориво, па Владата интервенираше со нафта од државните резерви, со што по два дена сообраќање само на автобусите на гас, едвај 25 на број, скопјани повторно имаат некаков превоз.

Од Град Скопје, откако градоначалничката Данела Арсовска не дојде на седницата реагираа дека денешната седница на Советот на Град Скопје била само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници немале намера да го средат хаосот во јавниот сообраќај, што и не е далеку од вистината.

– Напротив, денес повторно се докажува дека всушност тие се креатори на хаосот.  Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно, по 26 пат одбија да гласаат набавка на нови автобуси. Повторно го блокираа проектот за БРТ со кој Скопје би добил 60 нови автобуси во рамки на брзиот автобуски превоз велат од таму.

– И како тоа да не е доволно, Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот се вели во соопштението од Градот.
 
Апелираа до граѓаните, следниот пат кога ќе имаат можност својот глас да го дадат на локални избори за избор на Совет на град Скопје, да не веруваат на ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ.