За оние што ќе протестираат во Москва до 15 години затвор
Московското обвинителство соопшти дека учеството во протести и неодобрени „масовни настани“ е казниво дело што може да резултира со „затвор до 15 години“.
Тоа ја сподели пораката на Телеграм, како очигледно предупредување до луѓето кои размислуваат да излезат на улица оваа вечер за да протестираат против одлуката на владата да подготви резервисти да се борат во Украина.
Во меѓувреме, различни Телеграмски канали известуваат дека на Далечниот исток на Русија започнуваат протести против мобилизацијата. Се смета дека десет лица веќе се приведени во Иркутск.
Руското движење „Весна“ (Пролет) денеска повика на протести против мобилизацијата што ја најави рускиот претседател Владимир Путин. Властите предупредија дека такво нешто ќе се казнува најстрого.
„Илјадници руски мажи, наши татковци, браќа и сопрузи, ќе бидат фрлени во воена машина за мелење месо. За што ќе умрат? Поради што ќе лијат солзи мајките и децата?“, се наведува во апелот на движењето.
Руското регулаторно тело за медиуми, Роскомнадзор ги предупреди медиумите дека ќе дојде до нивно „моментално блокирање“ доколку шират „лажни информации“ за мобилизацијата.
Роскомнадзор напомена оти медиумите смеат да користат само официјални информации за мобилизацијата.