Повик за иницирање развојни проекти во Општина Аеродром


Општина Аеродром со јавен оглас вчера ги повика малите и средните претпријатија во и надвор од општината на соработка со цел да се обезбеди поддршка за оние што сакаат да развијат успешен проект, нов или подобрен производ, процес или услуга за жителите на Општина Аеродром. 

Право на учество имаат сите субјекти со свои проекти или активности, а поддршката ќе биде доделена на проекти што имаат „потврден концепт“ (proofofconcept) и јасна амбиција. Иницијативи што ќе бидат прифатливи за финансирање се активности за истражување и развој, развој на пилот-линии, производ, или услуги, активности што ќе го подобрат животот на жителите во Општина Аеродром во сите сфери на урбаното живеење, локалниот економски развој, руралниот развој, енергетската ефикасност, заштитата на животната средина и др. Секое трговско друштво корисник на финансиската поддршка треба да обезбеди минимум 15 отсто од вкупниот буџет на проектот.

Огласот ќе трае до 25 мај, а критериумите за евалуација се достапни на следниов линк:www.aerodrom.gov.mk/vest/5681