Повеќе од еден милион луѓе се раселени во Тигре пред „конечната офанзива“ на етиопската војска


Етиопскиот премиер Абиј Ахмед во четвртокот изјави дека „последната фаза“ од воената офанзива против бунтовниот регион Тигр е пред започнување, а ОН предупредуваата дека ресурсите се исцрпуваат за повеќе од 1 милион луѓе раселени од конфликтот.

Обединетите нации соопштија дека недостатоците станаа „многу критични“ во етиопискиот регион Тигре, бидејќи неговото население од 6 милиони жители останува запечатено, а главниот град е под закана од напад од страна на етиопските сили кои сакаат да ги уапсат регионалните лидери.

Храната за речиси 100.000 бегалци од Еритреја ќе исчезне за една недела, според новиот извештај објавен ноќеска. И повеќе од 600.000 луѓе кои се потпираат на месечни оброци за храна не ги добиле овој месец.

Блокадите за патувања се толку ужасни што дури и во главниот град на Тигре, Мекеле, Светската програма за храна на ОН не може да добие пристап до транспорт на храна од нејзините магацини таму.

Комуникациите и врските за патувања остануваат прекинати со регионот Тигре од почетокот на смртоносниот конфликт на 4 ноември, а Хјуман рајтс воч предупредува дека „акциите што намерно го попречуваат снабдувањето со помош“ го кршат меѓународното хуманитарно право.

72-часовниот ултиматум на премиерот Абиј Ахмед за да се предадат лидерите на Народниот ослободителен фронт заврши во средата вечерта. Неговата влада соопшти дека Мекеле е опколен. (АП)