Повеќе од 92.000 деца биле злоупотребени во американската извидничка организација
Американската извидничка организација (The Boy Scouts of America – BSA) ќе се соочи со најмалку 92.700 пријави за сексуално злоставување, изјави еден од адвокатите на жртвите.
Џил Гејл (58) кој живее во Лос Анџелес, но пораснал во Алабама, изјави дека двапати бил злоупотребуван како извидник во текот на 1970-тите. Тој оцени дека бројот на луѓе што се пријавуваат покажува дека постои свесност за тој проблем во БСА. Гејл исто така верува дека овој проблем ќе го привлече вниманието на луѓето и ќе спречи други деца да бидат злоупотребени.
Гејл вели дека напорно работел обидувајќи се да им помогне на жртвите и посочи дека сака да се јават што повеќе мажи кои биле злоставувани.
Еден од адвокатите, Ван Арсдејл, рече дека комуницирал со илјадници жртви на злоупотреба.
– Врз основа на она што го слушнавме од жртвите, сексуалното злоставување било ритуал сличен на другите задачи каде децата морале да извршуваат одредени должности за да ги стекнат посакуваните значки за заслуги, рече Арсдејл.
Организацијата Boy scouts of America постои 110 години и, после бројните обвинувања низ целата земја за сексуално злоставување, поднесе барање за банкрот за да избегне директна наплата на штета и истовремено овозможи исплата од фондот за компензација.
Кога поднесе барање за банкрот, БСА соопшти дека е револтирана бидејќи имало случаи кога поединци ја користеле програмата со ел злоупотреба на невини деца.