Повеќе од 6.000 новозаразени во Србија, рекордни 29 починати


 

Според последните податоци, во соседна Србија има 6.109 нови случаи на зараза со коронавирусот, а починаа 29 пациенти.

Тестирани се 18.980 лица, а 1.573.980 вкупно од почетокот на епидемијата.

Во болница се 5.589 лица, а 186 пациенти се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се 104.097 случаи, а стапката на смртност во Србија изнесува 1,07 отсто.

За утре е закажана седница на кризниот штаб, по што може да се очекува донесување нови, порестриктивни мерки.