Повеќе од 45 милиони случаи на коронавирусот во светот


Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 45 милиони и сега изнесува 45.207.651 случаи, според податоците на веб-страницата Ворлдометерс.

Од почетокот на пандемијата, 1.184.057 луѓе починале од последиците од вирусот, а закрепнале 32.896.925.

Активни се 11.126.669 случаи, од кои еден процент, или 82.230, се во критична состојба.

САД сè уште водат по бројот на пациенти и смртни случаи, со потврдени 9.175.543 случаи и 233.745 жртви.

Следат Индија со повеќе од осум милиони пациенти, Бразил со над 5,4 милиони заразени, Русија со над 1,5 милиони случаи, Франција и Шпанија со над 1,2 милиони и Аргентина и Колумбија со повеќе од милион заразени.

Другите држави имаат помалку од еден милион регистрирани случаи на коронавирус.