Повеќе од 30 жртви од бурата Јота во Централна Америка
Повеќе од 30 луше загинааво бурата Јота, која предизвика поплави во Централна Америка.
Поради бурата стотици илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови, што може да доведе до миграции во САД.
Според Ројтерс, се очекува бројот на настраданите да порасне откако спасувачите ќе ги пребараат изолираните заедници.
Во многу села од северна Колумбија до јужно Мексико забележани се рекордни нивоа на надојдени реки предизвикани од врнежите, што пак предизвика лизгање на земјиште, а погодени се и градови како Сан Педро Суле во Хондурас.
Аеродромот во тој град е потполно поплавен, а како што се гледа на една снимка објавена н асоцијалните мрежи, авио-мостовите за качување на патниците повеќе личат на пристаништа, додека крошните од дрвјата во близина се едвај видливи над морето матна вода.
Бурата Јота во понеделникто ја погоди Нигарагва, со силен ветар со брзина до 250 километри на час, поплавувајќи села кои се уште се опоравуваат од ураганот Ета од пред две недели.
Околу 160.000 граѓани на Никарагва и 70.000 граѓани на Хондурас биле приморани да побегнат во засолништа.
Повеќето настрадани се од Никарагва.
Иако Јота во голема мерка се повлече од Салвадор, властите во Никарагна и Хондурас се борат со последивите од повеќедневните силни дождови.
Американскиот национален центар за урагани предупреди дека Јота може денеска да предизвика дополнителни поплави и лизгање на земјите во Централна АМерика, додека се повлекува западно кон Тихиот Океан.