Потврдена пресудата на Додик. Доби една година затвор и шестгодишна забрана за политички активности


Жалбениот совет на Судот на Босна и Херцеговина денес донесе конечна пресуда и го осуди претседателот на Република Српска, Милорад Додик, на една година затвор и шест години забрана за политичка активност поради неспроведување на одлуките на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит.

Додик ќе мора да престане да ја извршува функцијата претседател на Република Српска 6 години, објасни Судот, наведувајќи дека ова е заштитна мерка. Со тоа Судот на БиХ ја потврди првостепената пресуда и ги отфрли жалбите на одбраната на Додик и на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Лакиќ ослободен

Според соопштението за медиумите на Судот на Босна и Херцеговина, писмената пресуда е испратена до страните денес, а жалба против оваа пресуда не е дозволена. Според пресудата, Милорад Додик е прогласен за виновен за неспроведување на одлуките на високиот меѓународен претставник, што е спротивно на одредбите од Кривичниот законик на Босна и Херцеговина.

Второобвинетиот Милош Лукиќ, кој беше вршител на должноста директор на Службениот весник на Република Српска, беше ослободен од истото кривично дело. Кратко по изрекувањето на првостепената пресуда против лидерот на Република Српска во февруари оваа година, БиХ се соочи со една од своите најтешки политички кризи, која сè уште трае.