Ѓуроски и Стојчевски од КФСМ учесници на Собранието на ФИБА Европа

Потпретседателот на Македонската кошаркарска федерација, Младен Ѓуроски и генералниот секретар, Томче Стојчевски, во наредните денови ќе бидат во Рига, каде од 22 до 24 мај ќе биде одржано редовното Собрание на ФИБА-Европа.
Во главниот град на Летонија, водечките луѓе на нашата федерација ќе присуствуваат на официјално објавување на домаќинот на наредниот Евробаскет, оној кој треба да се одржи во 2029 година.
Освен тоа, во работната агенда е предвиден е состанок на генералните секретари на сите европски федерации присутни на овој своевиден кошаркарски самит во Рига.
На 24 мај пак, е закажана редовната седница на генералното Собрание на европската зона на ФИБА на кое е предвидено да се дискутира за актуелностите поврзани со функционирањето на националните федерации во изминатиот, како и во периодот кој следува.