Потпорниот ѕид кај Детска клиника ќе се решава во 2025 година, комуникацијата со Град Скопје е слабa


Министерот за здравство Арбен Таравари на новинарско прашање околу надминувањето проблемот со потпорниот ѕид близу детската клиника во Скопје, одговори дека проектот е изготвен во соработка со општина Центар, со чиј градоначалник имаат одлична комуникација.

– За жал со градоначалничката на Град Скопје немаме баш добра комуникација, а се работи за серизона инвестиција. Тој пат треба да се реконструира и да се направи комплетно нов ѕид. За тој проект во 2024 година немаше пари, а се надевам дека нареднава тој проблем ќе се надмине и нема да биде тесно грло, рече Таравари.

(Видео) Падна потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар