Потполна блокада на Велс: Туристите да ја напуштат земјата


 

Бројот новозаразени во Европа рапидно расте, па некои земји одлучија да ги замолат туристите да се вратат дома.

Бројките во некои земји се многу повисоки од оние во првиот бран од пандемијата, па многу земји со желба да го спречат ширењето на инфекцијата, се одлучија на многу ригорозни мерки.

Словенија воведе вонредна состојба и полициски час, кој е воведен и во делови од Франција, Ирска и Холандија.

Слична е и ситуацијата во Велс кој од петок 23 октомври полни 17 дена ќе биде во посебен карантин. Во прашање е тотална блокада, затворање на угостителски објекти и малопродажни синџири.

Сите хотели и останати сместувачки капацитети исто така ќе бидат присилени да затворат во 18 часот во петок, а странските туристи ќе бидат замолени да се вратат дома, пишува Травел магазин.

Ниедно неважно патување, меѓу кои и празниците, нема да биде дозволено до 9 ноември.

Велшката влада денеска најави дека заклучувањето ќе значи дека ќе се затворат повеќето претпријатија, а на луѓето ќе им се каже да останат дома и да работат од дома ако е можно.

Првиот министер на Велс Марк Дрејкфорд рече дека воведувањето на карантинот ќе биде „краток,остар шок“, за сите, но нешто мора да се направи.

„Мораме во тотална блокада. Сите во Велс ќе мора да останат дома. Знам дека ова тешко ќе им падне на некои луѓе, но ова е единствен начин да го спречиме порастот на новозаразени“, рече Дрјкфорд.

Тој најави и фонд за економска отпорност од 300 милиони фунти кои ќе им помогнат на претпријатијата и на угостителството да го преживеат овој локдаун. Малите и средни претпсијатија за малопродажба, забава и угостителство кои ќе бидат принудени да ги затворат вратите ќе добијат еднократна помош до 5.000 фунти.

Некои места на западот на Велс имаат енда од најниските стапки на заболувања ос корона вирусот во цела Велика Британија. Таа стапка изнесува 43,7 на 100.000 луѓе. Но, поголемите градови како Кардиф имаат различна слика. Стапката е неколкукратно повисока и изнесува 283,7 случаи на 100.000.

Во прашање е највисоката стапка во Велс, и една од најбрзорастечките стапки во Велика Британија.