Потпишано: Телефонирањето ќе чини помалку во роаминг


Регионалната спогодба за роаминг, кој од 1 јули ќе овозможи значително пониски цени во роаминг во земјите на Западен Балкан, потпишан на Дигиталниот самит во Белград.
Спогодбата ја потпишаа претставници на шест западнобалкански земји.
Цените во роаминг, во првата фаза од 1 јули, ќе бидат пониски за 27 отсто, а од јули 2021 година се очекува потполно укинување на роамингот за Западниот Балкан.
Според спогодбата, цените за минута разговор не може да бидат повисоки од 11,7 денари, цените на пораките повеќе од 3,6 денари, додека максималната цена за пренос на податоци е 11 денари, без ДДВ.
Цената за роаминг со Албанија ќе биде намалена за дури 85 отсто, бидејќи Албанија до сега не беше дел од спогодбата која во 2014 година ја потпишаа Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Спогодбата е потпишаа под покровителство на ЕУ. Дигиталниот самит на Западен Балкан, е во организација на владата на Србија и трае два дена.